Манчестер Јунајтед наскоро ќе потпише нов договор со Давид де Геа, кој ќе стане вториот најдобро платен играч на тимот со плата од 350 000 фунти неделно. Ова ќе го стави на втората позиција веднаш по Алексис Санчез, кој во моментов заработува по 505 000 фунти за истиот период, објави весникот „Сан“.
„Клубот е сигурен и тие сметаат дека ова е веќе решен проблем. Желбата е сè ова да биде реализирано уште пред Светското првенство. Тоа треба да значи дека Давид нема да оди никаде”, вели извор од клубот.
Сегашниот договор на шпанскиот голман е до следното лето, но од „црвените ѓаволи” имаат клаузула за неговото продолжување за уште една година. Сепак преговори меѓу двете страни беа започнати уште пред неколку месеци за неговото продолжување, за да биде одбиена секаква можност Де Геа да замине. Според неговиот сегашен договор, тој добива 210 000 фунти неделно.