Голманот на Манчестер Јунајтед Давид Де Геа е само на чекор до потпишување на нов договор со Манчестер Јунајтед, објави „ESPN“.
Тековниот договор на шпанскиот репрезентативен голман со 20.кратниот шампион на Англија истекува следното лето.
Во моментов, 28-годишниот Де Геа е интересен за Јувентус и Париз Сен Жермен, но Шпанецот не сака да оди во друг клуб.
Давид Де Геа се пресели на „Олд Трафорд“ во 2011 година, а потоа успеа да го освои англискиот шампионат и трофејот во Лигата на Европа.
