Екипата на Манчестер Јунајтед вчера беше поразена со 4:0 на гостувањето кај Брентфорд во 2.коло од Премиер лигата, па по мечот седум играчи на „црвените ѓаволи“ – Давид де Хеа, Скот МекТоминај, Ентони Еланга, Маркус Рашфорд, Бруно Фернандес, Дони ван де Бек и Диого Дало отидоа кај навивачите да се извинат.
Де Хеа ја презеде целата одговорност за поразот на Манчестер и призна дека за се е виновен.
„Јас сум виновен за поразот на тимот. Бев ужасен, морав да го одбранам првиот гол. Ова е ден кој треба брзо да го заборавиме“, вели Де Хеа.