По поразот од Ливерпул со 7:0 и ремито со Саутемптон вчера (0:0), Манчестер Ј. покажа сериозни осцилации во играта и резултатите во Премиерлигата. Голманот Де Хеа смета дека ваквите резултати се данок на напорниот распоред.
„Апсолутно е лудо со многуте натпревари што ги играме. Тешко е. Изгледа едноставно, но многу е тешко да се игра секој втор или трет ден. Играчите трчаат многу. Немаме многу време за опоравување. Секој се труди и дава се од себе. Може да се види на секој натпревар како се бориме и се трудиме. Секако дека пропуштате некои натпревари како денешниот, играчите се заморуваат и може да изгубите некој бод. Но, да продолжиме, имаме уште два големи натпревари следната недела“, вели Давид де Хеа.
Во средината на неделата, Манчестер Ј. гостува кај Реал Бетис, а потоа го чека и дуелот со Фулам во ФА Купот.