Голманот на Манчестер Ј., Давид Де Хеа објави порака по поразот од Манчестер Сити со 4-1. Шпанецот е разочаран од новиот пораз во градското дерби, но пораче дека Јунајтед еден ден ќе се врати таму каде што припаѓа.
„Еден ден ќе го вратиме овој клуб таму каде што припаѓа. Денеска беше уште еден лош момент во тешката сезона, но сепак треба да го браниме овој дрес.Нема да се предадеме“, напиша голманот на Манчестер Јунајтед.