Еден од најголемите фудбалски таленти на денешницата Френки де Јонг во текот на денот успешно ги помина лекарските прегледи во Барселона.
Тренерот на Барселона Ернесто Валверде ќе добие одлично засилување во средината на теренот кој се очекува да биде во екипата долги години.
22-годишниот фудбалер потекнува од школата на Ајакс кој имаше сезона за паметење. По завршувањето на сезоната Ајакс доби многу понуди за своите фудбалери, а реши да ја прифати онаа на Барселона за младиот Холанѓанец.
Барселона за потписот на Френки де Јонг плати 75 милиони евра, а се бори и за потписот на неговиот сонародник Матијас де Лихт, но тој е многу поблизу до Јувентус.

