Фудбалерот на Барселона, Франк де Јонг, вели дека сака да остане кај Каталонците, но, ако добие понуда од друг клуб, веднаш ќе влезе во преговори. Поради финансиските проблеми на „Камп Ноу“ луѓето од клубот размислуваат дали да го продадат Холанѓанецот во Манчестер Јунајтед.
„Преферирам да продолжам во Барса, бидејќи тоа е клубот од моите соништа уште од детството. Никогаш не зажалив што дојдов но, ако се јави некој клуб, ќе го кренам телефонот. Секогаш сум го правел тоа“ – изјави играчот од средниот ред.
Де Јонг не сакаше да каже дали контактирал со неговиот поранешен тренер од Ајакс, Ерик Тен Хаг, кој сега се пресели токму кај „црвените ѓаволи“.