Новото холандско фудбалско богатство кое ја засли екипата на Барселона Френки Де Јонг објаснил зошто се одлучил да ја прифати понудата на Барса, а да ги одбие другите понуди од водечките европски клубови.
21-годишниот фудбалер ќе се приклучи на Барселона во текот на летото за 75 милиони евра плус 11 милиони во вид на бонуси.
„Париз беше една од најдобрите опции. Ме воодушевија: добар клуб, тим, тренер … Имав можност да играм редовно и Лига 1 можеби ќе беше предност, бидејќи требаше да ми даде време да израснам како играч. Секогаш сепак сум сонувал за Барселона и „Ла Лига“ која е многу квалитетна”, изјави младиот талент за „Мундо Депортиво“.
„Отидов во Манчестер и разговарав со Гвардиола. Мојот избор на Барселона не значи дека сум против Манчестер Сити или ПСЖ, а во корист на Барселона. Предизвикот е одличен. Шпанија е подобро место. Франција исто така е убаво место, но сепак се одлучив за Шпанија“ додал Де Јонг.