Фудбалерот на Ајакс, Френки де Јонг, призна дека би сакал еден ден да игра со Барселона заедно со Лионел Меси. Вчера се појавија информации дека каталонците се сериозно заинтересирани за него.
„Навистина би сакал да играм со Меси еден ден. Тој има 31 година, па морам да побрзам“, изјавил младиот 21-годишен фудбалер.
За Де Јонг има еден куп други заинтересирани клубови, а Ајакс ја одреди цената на неговата слобода која ќе изнесува 75 милиони евра.