Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, по синоќешната нова бламажа на Барса во ЛШ и поразот од Бенфика со 3:0, вели дека не се откажуваат од идејата за пласман во следната фаза.
„Има уште многу натпревари пред нас. Ако ги освоиме, ќе имаме шанса. Се уште верувам дека можеме да ја минеме групата. Мораме да продолжиме да се бориме, да останеме обединети и да излеземе од оваа ситуација. Единствениот излез е да работиме напорно и да се држиме заедно“, рече Де Јонг.