Селекторот на шпанската репрезентација Луис де ла Фуенте за денешниот меч против Германија во четвртфиналето на ЕП вели дека е рамен на финале.
„Овој меч слободно може да биде финале на Европското првенство. Германија секогаш ги започнува натпреварите многу силно, така што ќе мора да се обидеме да им се спротивставиме од првата минута. Ќе се обидеме да преземеме иницијатива и да дадеме се од себе. Дали познавањето на германскиот фудбал на Дани Олмо помогна во подготовката на Шпанија? Секако, разговарав многу со Дани и Грималдо, кои имаат искуство во германскиот фудбал. Тие секогаш ни кажуваат за одредени аспекти, но ние одлично го познаваме германскиот тим и сите мои играчи се подготвени. Може да има промена или две, но планот на играта ќе остане ист“, вели шпанскиот селектор.