Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис изјави дека реалната цена на Хари Мегуаер е 25 милиони евра. Пред неколку дена, Манчестер Јунајтед го направи репрезентативецот на Англија да биде најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, откако за него платија 85 милиони фунти на Лестер.
„Црвените ѓаволи“ беа поврзани и со дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, а првиот човек на италијанскиот клуб откри дека тој одбил понуда од 105 милиони евра во јануари, но не сакал да открие од каде дошла таа понуда. Де Лаурентис откри дека има договор за откуп во договорот на дефанзивецот доколку некој плати 150 милиони евра.
„Ако Мегуаер чини 85 милиони, цената на Кулибали е 250 милиони“, рече Де Лаурентис. „Проблемот со овие цени доаѓа од Англија. Тие прават повеќе пари отколку во Франција, Шпанија, Италија и Германија. Ако некој клуб има приходи од 800 милиони, за него не е проблем да се плати 80-90 милиони за еден играч. Нема вистинска и фер битка помеѓу Англија и другите земји” додаде Де Лаурентис.