Италијанскиот фудбалски состав Наполи откако продаде дел од првотимците се обиде да ги пополни празнините со неколку нетрактивни играчи од типот на Фабијан Руиз, Симоне Верди, Кевин Малкуи и Винисиус Мораиш за кои беа потрошени 71,5 милиони евра.
Токму таквата трансферна политика предизвика нервоза кај навивачите кои преку различни форми му порачаа на претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис, дека воопшто не се задоволни од реализираното. Тој пак, им возврати во негов стил.
„Како можат навивачите да очекуваат да потрошам стотици милиони евра на нови фудбалери кога постојано купуваат фалсификат дресови и на стадионот влегуваат без да платат билет? “ – изјави Де Лаурентис.