Првиот човек на фудбалскиот состав Наполи, Аурелио де Лаурентис, вели дека доаѓањето на новиот тренер, Карло Анчелоти, може за краток период да му ги донесе на тимот посакуваните трофеи од Серија „А“ и од Лигата на шампионите.
Лаурентис очекува дека во наредните две години неговиот тим ќе биде максимално конкурентен во сите натпреварувања.
„Потребен е детален план. Верувам дека сегашниот состав на Наполи за две години ќе може да го достигне тоа ниво. Да биде најдобар во Италија и да ја освои Европа“- потенцираше Аурелио де Лаурентис.