Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис потврди дека тренерот на Наполи, Лучијано Спалети на крајот од сезоната ќе го напушти новиот шампион во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.
Спалети го презеде Наполи во 2021 година и оваа сезона со клубот од Неапол ја освои титулата во Серија А.
“Спалети е слободен човек. Кога некој ќе ви каже дека дал се од себе и дека сака да земе една година одмор, правилно е да го пуштиме. Имаше уште една година од договорот, но сакаше да замине. Што би можел да направам? Толку многу ни даде, му благодарам“, изјави Де Лаурентис.

