Најбараниот фудбалер ова лето, Матијас де Лихт, се појави на пред-сезонската подготовка на Ајакс. 19-годишниот дефанзивец го направи првиот тренинг со тимот и изгледаше одлично расположен.
Неговиот агент Мино Рајола потврди дека има договор помеѓу играчот и Јувентус. Сепак, италијанскиот шампион не може да се договори со Ајакс за трансфер сумата. Првиот предлог од 50-тина милион евра е одбиен од Холанѓаните, кои сакаат околу 70 милиони евра.
Јувентус ќе започне со тренинг во среда, но дали до тогаш Де Лихт ќе биде играч на овој тим. Првата контрола на тимот е против финалистот во Лигата на шампионите, Тотенхем. Оваа средба ќе се одржи на 21 јули во Сингапур, а новиот тренер Маурицио Сари се надева дека ќе може да го искористи холандскиот дефанзивец на некои пријателски натпревари. Тренерот очекува да пристигнат и други нови засилувања, меѓу кои и Мауро Икарди и Пол Погба.