Матијас де Лихт и Дони ван де Бек го пропуштија тренингот на репрезентацијата на Холандија, која го започнува учеството на Европското првенство против Украина за само седум дена.
Дефанзивецот Де Лихт има болка во препоните и тренира по индивидуална програма, што важи и за Ван де Бек. Двајцата го пропуштија пријателскиот натпревар против Грузија, кој го доби Холандија со 2:0 одигран вчера.
Европскиот шампион од 1988 година ќе ги одигра сите свои натпревари во групата Ц во Амстердам, а во последното 3.коло ќе и биде домаќин на Македонија на „Јохан Кројф“ арената .

