Дефанзивецот на Ајакс Матијас Де Лихт ја одбил можноста да се пресели во Барселона, тврди весникот „Кадена Сер”.
19-годишниот дефанзивец е баран од повеќето европски гиганти, но е најблиску до трансфер во ПСЖ, каде му нудат висока плата. Во моментов тој размислува за понудите, додека е на одмор во Флорида.
Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу лично патувал до Амстердам, за да се обиде да го убеди играчот да премине на „Камп Ноу”, како што успеа да направи со неговиот поранешен соиграч Френки де Јонг.
Овој пат, сепак обидите наишле на ѕид, а главната причина е агентот на Де Лихт, Мино Рајола. Понуди во моментов за Де Лихт има од ПСЖ, Јувентус и Баерн Минхен.