Иднината на дефанзивецот на Ајакс Матијас де Лихт останува нејасна. Каталонскиот вест „Спорт” пишува дека Барселона повеќе не е омилен тим за талентираниот Холанѓанец, а со поголеми шанси да го привлече е Баерн (Минхен).
Барса веќе ги обезбеди услугите на Френки Де Јонг и клубот одржува одлични односи со Ајакс многу години наназад, и ова им даде на Каталонците предност во однос на другите тимови заинтересирани за Де Лихт. Сепак сега изгледа дека тоа нема да биде доволно бидејќи понудата на Баерн е значително подобра. Не се споменува одредена сума, но сепак се вели дека Баварците се подготвени да направат се за да го добијат 19 годишниот талент.
Според „Трансфермаркт“ се проценува дека Де Лихт во моментов вреди 70 милиони евра. Во оваа сезона тој има 42 натпревари и 4 гола во сите натпреварувања. Неговиот договор со Ајакс е до 2021 година.
Баерн веќе купи двајца дефанзивци и тоа од светски шампиони Франција – Лука Хернандес и Бенжамин Павар, а желбата на клубот е да заврши со обновувањето на одбраната со привлекувањето на Де Лихт.