Матијас Де Лихт не настапи на првиот натпревар на Холандија на Евро 2020, но се врати на теренот против Австрија во победата од 2:0. „Лалињата“ се веќе во осминафиналето, а младиот дефанзивец истакна дека тимот добива се поголема самодоверба.
„Мислам дека со оглед на двата дена што не тренирав, се претставив добро. Ние добро се браневме како тим, што многу ја олесни задачата на нас дефанзивците“, рече Де Лихт.
„Стануваме посамоуверени и помирни. Чувствувам дека секој од нас е подготвен да му помогне на другиот. Не создадовме голем број ситуации, но целосно го контролиравме натпреварот. Секако не беше лесно, но не очекувавме ништо друго на натпревар од групната фаза на голем шампионат“, додаде дефанзивецот.