Даниеле Де Роси ќе го наследи Жозе Мурињо на тренерското место на Рома, објави на социјалните мрежи популарниот италијански спортски новинар Фабрицио Романо.
Претходно денеска римскиот клуб објави отказ за португалскиот стручњак.
Договорот на 40-годишниот Де Роси ќе трае до јуни 2024 година со опција за продолжување. Екипата на Рома го зазема деветтото место во привремениот поредок во Серија А со 29 бода, 22 помалку од првиот Интер, кој има 51 бод.