Фудбалерите на Рома доцна синоќа славеа на теренот на Милан со 1-0 во првиот меч од 1 / 4 финалето во Лига Европа. Нивниот тренер, Даниеле Де Роси, имаше само пофални зборови за играчите.
„Беа одлични, моите играчи вложија многу труд . Покажавме зрелост во играта и голема самодоверба. Сите сме среќни за победата“ – потенцираше тренерот на „волчицата“ за официјалната веб-страница на УЕФА.
Реваншот меѓу двата италијански тима ќе биде одигран на 18 април на стадионот – „Олимпико“ во Рим.