Даниеле Де Роси изрази големо задоволство од неговото назначување за нов тренер на Рома. Поранешниот играч за врска потпиша договор со клубот до летото 2024 година, но постои и опција за продолжување. Поранешниот италијански репрезентативец веќе ја одржа првата сесија со „волчицата“.
„Емоциите се нешто што не можам да го опишам со зборови. Сите знаат што значи Рома за мене, но работата што не очекува веќе е започната. Немаме ниту време ниту избор: мора да бидеме конкурентни, да се бориме за нашите цели и се трудиме да ги постигнеме“, изјави Де Роси.
Италијанецот се повлече од фудбалот во 2020 година. Потоа стана дел од стручниот штаб на Роберто Манчини во италијанската репрезентација и работеше во СПАЛ.