Долгогодишниот играч од средниот ред на Рома Даниеле Де Роси одлучи да се откаже од фудбалот и да влезе во тренерската професијата, објави „Скај Италија“.
Таквата намера на искусен играч неодамна беше објавена од страна на италијанските медиуми, но според информациите од денес, ветеранот веќе е категоричен за сопствениот избор.
Де Роси, кој ќе наполни 36 години за две недели, ја помина целата своја кариера на „Олимпико“ во дресот на Рома. Но, по завршувањето на сезоната мораше да го напушти клубот.
Сампдорија, Фиорентина, Милан, Болоња, американските клубови и Бока Јуниорс покажаа интерес за Де Роси. Пред него е можност да влезе во стручниот штаб на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.