Дефанзивецот на Јувентус, Матијас Де Шилио ќе биде на надвор од теренот најмалку 10 дена. Десниот бек заработи повреда на мускулот за време на натпреварот со Наполи (4:3) и мораше принудно да го напушти теренот.
„За околу десетина дена ќе му направиме нови тестови за да можеме попрецизно да го процениме времето кое е потребно за целосно закрепнување и враќање во игра“, објавија од клубот.
Де Шилио ќе ги пропушти натпреварите на италијанската репрезентација против Ерменија и Финска. Најверојатно тој нема да игра на следниот натпревар на „Бјанконерите“ со Фиорентина на 15 септември.