Фудбалерите на Ајакс вчера направија голема сензација со елиминацијата наекипата на Јуве и по 1997 година за прв пат ќе се појават во последниот елиминациски филтер во Лигата на шампионите. Творецот на победничкиот гол на арената во Торино, Матијас де Лајт, не ја криеше радоста по големиот успех.
„Не се плашиме од никого, како што видовте. Ние само сакаме да играме фудбал“ – изјави капитенот на холандскиот состав кој има само 19 години.
Во меѓувреме се појавија шпекулации дека неговите добри игра во континуитет, ќе ги натера моќните тимви од типот на: Барселона, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Пари Сен Жермен…итн да конкурираат за неговиот потпис.