Одбрандбениот играч Роналд Матарита отпадна од составот на Костарика за Светското првенство 2018 поради повреда во ахиловата тетива.
Неговото место ќе го завземе Кенер Гутиерес. Тој ќе се приклучи на тимот од Централна Америка во текот на утрешниот ден. 23-годишниот лев дефанзивец Матариата заработил повреда пред неколку дена и ќе биде подложен на третман и рехабилитација што ќе трае повеќе од две недели.
Селекторот Оскар Рамирез испратил повик до 29-годишниот Гутиерез, кој веднаш се упатил кон Самара. Во недела, Костарика го одигра својот прв натпревар од групата Е на Светското првенство 2018 против Србија.