Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека дефанзивецот Алекс Телеш нема да му помогне на тимот во наредните неколку недели поради повреда.
„Тој се лизна и го истегна зглобот, па ќе пропушти неколку недели. Се надевам дека повредата не е премногу сериозна“, изјави Солскјер за „Мирор“.
Пред почетокот на сезоната 2021/2022, „црвените ѓаволи“ ќе одиграат неколку пријателски натпревари против Брентфорд (28 јули), Престон (31 јули) и Евертон (7 август). 28-годишниот Алекс Телеш минатата сезона одигра девет натпревари во англиската Премиер лига и имаше две асистенции.