Фудбалерот од Белгија во редовите на англискиот состав Тотенхем, Јан Вертонген, верува дека ќе ја продолжи соработката со Спарси ако ништо друго барем за одреден период. Договорот на дефанзивецот истекува на крајот од сезоната, но, може да му се продолжи за една година автоматски со одлука на клубот.
„Мојот договор истекува на крајот од сезоната а Тотенхем има опција да го продолжи за уште една година. Мислам дека тие ќе ја искористат опцијата. Ќе видиме што се случува“ – изјави искусниот играч за медиумите од неговата татковина.
31-годишниот поранешен играч на Ајакс има реализирано 250 натпревари за Тотенхем. Неговиот постоечки договор беше потпишан во декември во 2016 година.