Шпанските медиуми објавија дека Трент Александер-Арнолд нема да го продолжи договорот со Ливерпул и дека во наредното лето како слободен фудбалер ќе му се приклучи на Реал Мадрид.
Англискиот репрезентативец има тековна соработка со „црвените“ до јуни во 2025-та и доколку не ја продолжи до крајот на годинава, од 1 јануари ќе може да преговара со други екипи.
Весникот – „Марка“, тврди, дека брзоногиот бек не сака да остане во Англија и дека кариерата сигурно ќе ја продолжи на стадионот – „Сантијаго Бернабе“.

