Легендарниот централен стопер на Јувентус и на фудбалската селекција на Италија, Џорџо Киелини, веројатно ќе замине преку „големата бара“ во екипата на Лос Анџелес Галакси.
37-годишниот ветеран по цели 17 сезони најави дека ќе ја напушти „старата дама“ , но, нема намера да се повлече од фудбалот.
Наводно, клубот од САД му нуди на Киелини договор до декември во 2023 година.