Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, со нетрпение го чека последниот натпревар од сезоната во Премиер лигата против неговиот поранешен клуб, Лестер.
Мечот на стадионот –„Кинг Пауел“ ќе биде директна пресметка за место во Лигата на фудбалските шампионите за наредната сезона. Домаќините ќе мора да одат на победа додека тимот на „црвените ѓаволи“ може да тактизира бидејќи секој резултат освен пораз, ќе го однесе во елитата на Европа.
„Тоа ќе биде голем натпревар за двете екипи. Мора да бидеме свежи за да можеме да го одржиме темпото. Со набиената програма на мечеви немаме многу време за тренинг, затоа, главно ќе се обидеме да ја вратиме свежината“ – вели Мегваер.

