Јувентус постигна договор со дефанзивецот Федерико Гати за нов договор, објави Фабрицио Романо. Се очекува договорот да биде потпишан во наредните денови.
Дефанзивецот ќе го продолжи договорот за две сезони – до летото 2030 година. Неговата плата ќе биде околу два милиони евра по сезона.
Федерико Гати е дел од „бјанконерите“ од почетокот на 2022 година. Оваа сезона има 40 натпревари, еден гол и две асистенции во сите натпреварувања.

