Дефанзивецот на Милан, Давиде Калабрија, скоро сигурно ќе го пропушти мечот од Лигата на Европа со Лил, поради проблем со мускулот. Двата тима ќе се сретнат еден против друг ечерва од 21:00 часот на „Сан Сиро“.
Калабрија го пропушти последниот тренинг на „росонерите“, што е скоро сигурен знак дека нема да учествува на дуелот со Французите.
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ќе треба да одлучи дали ќе му даде шанса на Диего Далот на негово место или пак можно е да му даде шанса на Андреа Конти.

