Македонската олимписка делегација се соочува со проблеми пред отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Информациите од Мекинг велат дека тренерот Борче Јованоски е позитивен на коронавирус и сè уште не се знае дали ќе биде во можност да им помогне на скијачите, а има и промена во тоа кој ќе го носи нашето знаме на свеченото отварање на игрите во Пекинг. Единствен носител на македонското знаме на отварањето на игрите ќе биде Дардан Дехари. Ана Цветановска (која на сите ковид тестови е негативна) поради близок контакт со својот тренер Борче Јованоски, нема да може да го носи македонското знаме.
Јовановски двапати беше позитивен на тестирањата во Пекинг, но доколку добие два последователни негативни тестови, со посебно одобрение, ќе може веднаш од специјализираниот ковид-хотел да се врати во Олимпиското село во Пекинг.