Она што се најавуваше изминатите денови е реализирано денес. Најново засилување за екипата на Македонија ЃП е Дејан Блажевски (33) кој по претходната соработка со екипата на ФК Работнички сега ќе го облече дресот на тимот од Ѓорче Петров и треба да внесе дополнителна свежина, цврстина и особено непроценливо искуство во нападот на оваа екипа.
„Македонија Ѓорче Петров е одличен тим со супер услови за работа. Доаѓам во Ѓорче да дадам максимум од моите капацитети и искуство и да му помогнам на тимот во исполнување на претстојните предизвици, а тоа се нови заеднички успеси и што повисока заслужена позиција на табелата” изјави Блажевски.
Во недела екипата на Македонија ЃП му гостува на Вардар во првото коло од новата сезона, а Блажевски ќе може да дебитира во дресот на новата екипа на меч против својот поранешен клуб.