Дејан Георгиевски успешно ја мина првата пречка на Европските Игри во Краков. Нашиот олимпиец, денеска во првото коло во категоријата над 87 килограми обезбеди убедлива победа над Италијанецот Матиа Молин со 2:0 (14:1, 7:3) и закажа четврфинале со Андриј Харбар од Украина.
Денеска уште во својата прва борба во категоријата до 73 килограми беше поразена Анамарија Георгиевска. Таа во првото коло се сретна со Ника Клепац од Хрватска и загуби убедливо со 2:0.