Голем број на наши сограѓани дојдоа на плоштадот Македонија да го пречекаат и поздрават нашиот олимпиец Дејан Георгиевски кој денес се врати од ЛОИ во Токио каде освои сребрен медал.
Георгиевски го постигна најголемиот успех на македонскиот спорт на олимписките игри со освојувањето на овој сребрен медал, а како награда за тоа добива поддршка од сите страни, Владата, МОК, АМС, Град Скопје и други останати институции најавија парични награди за нашиот спортист кој ја направи Македонија горда на ЛОИ во Токио.
Секако голема поддршка Дејан Георгиевски добива и од спортската јавност во Македонија со самото присуство прио неговото пристигнување во Скопје.