Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски оствари уште еден голем успех во својата кариера, тој стана европски шампион на Европското клупско првенство во Талин, Естонија.
Поради добриот ранкинг кој го има Дејан Георгиевски во првото коло беше слободен, потоа со две убедливи победи македонскиот спортист го освои златниот медал на престижниот боречки настан.
Георгиевски го донесе третиот медал за ТК Бутел од Европско Клубско Првенство, тимот на овој настан освои два златни и еден сребрен медал.