Рускиот фудбалски шампион Зенит веднаш најде замена за Бранислав Ивановиќ кој најави заминување од екипата.
Од Зенит денес објавија дека се дговориле со Дејан Ловрен од Ливерпул кој ќе биде големо засилување во одбраната на екипата. Хрватот Дејан Ловрен мина шест сезони на „Енфилд“, а далеку најуспешни му беа последните две во кои ги освои трофеите во Лигата на шампионите и Премиер лигата.
„Зенит и Ливерпул ги договорија условите за потпис на хрватскиот дефанзивец кој ќе прејде од редовите на англискиот во рускиот шампион. Договорот со Ловрен е постигнат на три години“, објавија од Зенит.
Пред Ливерпул, Дејан Ловрен настапуваше уште за екипите на Динамо Загреб, Интер Запрешиќ, Олимпик Лион и Саутемптон.