Кристијано Роналдо може да го напушти Манчестер Јунајтед и да се пресели во врвниот германски клуб Баерн Минхен.
Напаѓачот и неговиот агент Жорге Мендеш разговарале со Баерн, објави „Дејли Мејл“. Ова се случило минатата недела – пред скандалозното интервју на Португалецот.
Претставници на германскиот шампион ја посетиле Англија каде биле на преговори. Во информацијата се вели дека Баерн Минхен покажува интерес за Роналдо поради повредата на Садио Мане и неизвесноста околу иднината на Ерик-Максим Чупо-Мотинг.