Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»„Дејли Мејл“: Сити и Халанд се договорија, норвежанецот ќе биде најплатен играч во Премиер лигата
    Фудбал

    „Дејли Мејл“: Сити и Халанд се договорија, норвежанецот ќе биде најплатен играч во Премиер лигата

    risteBy riste19/04/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Англискиот гигант Манчестер Сити постигна договор со норвешкиот напаѓач на Борусија (Дортмунд) Ерлинг Халанд, информираше „Дејли Мејл“.

    Според информациите, играчот ќе добива 600.000 евра неделно, со што ќе стане најскапиот играч во Премиер лигата. „Граѓаните“ сакаат да потпишат петгодишен договор со Халанд, а се очекува договорот и официјално да биде објавен следната недела.

    Халанд е дел од Борусија Дортмунд од јануари 2020 година, откако беше привлечен од РБ Салцбург за 20 милиони евра. Тој оваа сезона одигра 20 натпревари во Бундеслигата со 18 гола и седум асистенции. Во Лигата на шампионите, Халанд има постигнато три гола на три натпревари.

    Договорот на норвешкиот напаѓач со Борусија ќе биде раскинат на крајот на сезоната, кога Манчестер Сити ќе ја активира откупната клаузула од германскиот клуб. Таа изнесува околу 75 милиони евра.

    Интерес за играчот имаше и од Реал Мадрид, Пари Сен Жермен и низа други клубови, но условите кои ги понуди Манчестер Сити беа најдобри и влијаеа на одлуката на норвешкиот репрезентативец.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Андреас Кристенсен поради повреда ќе го пропушти следното „Ел Класико“

    25/03/2023

    Тухел за договор со Баерн: „Подобар од 18 месеци во Челзи“

    25/03/2023

    Лукаку: можеме и подобро

    25/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Андреас Кристенсен поради повреда ќе го пропушти следното „Ел Класико“
    • Тухел за договор со Баерн: „Подобар од 18 месеци во Челзи“
    • Саинц го коментираше успехот на Ред Бул
    • Лукаку: можеме и подобро
    • Еспаргаро е хоспитализиран
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.