Раководството на Интер Мајами објави фотографии од новиот стадион на клубот кој треба да биде готов во 2026 година. Новиот објект, кој ќе биде дел од огромен комплекс, ќе се вика „Парк на слободата“ во Мајами и ќе чини 1 милијарда долари.
Интер моментално своите домашни натпревари ги игра на стадионот Чејс, кој има капацитет од нешто повеќе од 21.000 гледачи. Новиот стадион нема да биде многу поголем и ќе може да прими до 26.000 гледачи.
„После години на исчекување, исклучително е возбудливо да се сподели дека во 2026 година, Интер Мајами ќе се пресели во својот нов дом, „Паркот на слободата“ во Мајами.
„Паркот на слободата“ во Мајами е кулминација на долгогодишната напорна работа и желба да се создаде визија и трајно наследство за навивачите на Мајами и заедницата од Јужна Флорида“, напиша Дејвид Бекам.

