Дејвид Мојс не е сигурен дека ќе остане во Вест Хем по крајот на сезоната. Ова е она што го изјави тренерот по натпреварот кој го одигра неговата екипа со Манчестер Јунајтед синоќа во Лондон.
Тој пристигна во Лондон на изминатата есен и успеа да ги стабилизира и да им донесе опстанок. Неговиот договор е до крајот на сезоната, но тој веројатно нема да биде обновено.
„Вест Хем е голем клуб и тука очекувањата секогаш се високи. Тие сакаат да се борат за врвот, а не за опстанок, што е разбирливо. Другата недела ќе зборуваме и ќе видиме дали ќе останам. Јас уживав во работа тука и заедно ја постигнавме целта што ја имавме”, рече Мојс.
„Бод против Манчестер Јунајтед секогаш е добар резултат. Најмногу ме израдува сепак однесувањето на играчите, откако викендов си го обезбедивме опстанокот. Јас би бил среќен ако победевме, но и нерешено не е лошо”, додаде менаџерот на Вест Хем.