Дејвид Мојс е новиот тренер на Евертон, официјално соопштија од клубот. Ова доаѓа неколку дена откако Шон Дајч беше отпуштен.
Мојс е првиот назначен тренер од новата управа на „карамелите“ и негова прва и најважна задача е да обезбеди опстанок на тимот во Премиер лигата оваа сезона. Ова е втор период на тренерот во Евертон, а претходно беше тренер на Вест Хем и Манчестер Јунајтед.
„Одлично е што се вратив. Уживав во 11 прекрасни и успешни години во Евертон и не размислував двапати кога ми беше понудена можност повторно да се приклучам на овој голем клуб“, изјави Дејвид Мојс.
За Евертон распоредот е многу тежок во следните пет кола, со натпревари против Астон Вила, Тотенхем, Брајтон, Лестер и Ливерпул.

