Менаџерот на Вест Хем Дејвид Мојс потпиша нов тригодишен договор, официјално објави клубот.
58-годишникот ги предводеше лондончани до шестото место во Премиер лигата минатата сезона, со „чеканите“ постигнаа клупски рекорд од 65 поени и се пласираа во европските купови само по трет пат во нивната историја. Тие долго време беа во топ 4 и беа еден од претендентите за место во зоната за настап во Лигата на шампионите, но ја пропуштија оваа можност во последните неколку кола од сезоната.
За Мојс ова е втор престој на кормилото на Вест Хем, кое започна во декември 2019 година. Неговиот прв период во источен Лондон беше помеѓу 2017 и 2018 година. Во својата кариера, Мојс, кој е многу близу до нивото од 1000 натпревари како менаџер, ги водеше и екипите на Престон, Евертон, Манчестер Јунајтед, Реал Сосиедад и Сандерленд.

