Младиот дефанзивен фудбалер на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, повторно имаше блескава партија во Лигата на шампионите. Црномурестиот играч на вчерашниот меч со Лион беше крајно активен како во дефанзивните задачи така и во акциите пред противничкиот гол.
„Среќни сме за пласманот во финалето. Играњето во Лигата на шампионите е сè што еден играч може да го посака“ – вели левиот бек на Баварците.
„ПСЖ е одличен состав, но, ние имаме повеќе искусни играчи кои се гладни за трофеи “ – потенцираше Дејвис.