Фудбалскиот состав на Баерн Минхен успеа да потпише нов договор со младиот Алфонсо Дејвис кој во јануари во 2018 година беше купен од канадскиот состав Ванкувер за скромна сума 13 милиони евра.
19-годишниот фудбалер сега доби нов побогат и подолг договор до 2025-та година. Баварците тоа го направија додека трае паузата поради пандемијата а дека максимално ги почитуваат препораките за заштита се виде и на објавените фотографии.
Раководните лица на бундес-тимот и фудбалерот беа со маски и седеа на одредена дистанца.