Спортскиот директор на Барселона Деко изјави дека за време на последниот преоден рок други клубови сакале да купат неколку важни играчи од нивните редови.
„Да, имаше понуди за неколку наши играчи, но знаевме дека не можеме да ги продадеме. Нашата идеја е да не загубиме ниту еден важен играч“, изјави Деко, во интервју за шпанскиот Спорт.
Да потсетиме, по четири кола од шпанската Ла Лига, каталонскиот клуб освои 12 бода и моментално е на првото место. Барселона ќе се соочи со Џирона во следниот натпревар во Ла Лига. Натпреварот ќе се одигра на стадионот Мунисипал де Монтиливи во Џирона.

