Денеска започнува последното коло по групи во Лигата на фудбалските шампиони кое ќе ги реши сите дилеми околу тимовите кои ќе продолжат во трката за титулата и тие што ќе останат во европската конкуренција во второто по ранг натпреварување. Секако 8 тима од сите групи што ќе завршат како последни, ќе се збогуваат со европската одисеја.
Еве ја комплетната програма.
18.45 Баер Леверкузен-Бриж
Порто-Атлетико Мадрид
21.00 Баерн Минхен-Интер
Ливерпул-Наполи
Олимпик Марсеј-Тотенхем
Глазгов Ренџерс-Ајакс
Спортинг-Ајнтрахт Франфурт
Викторија Плзен-Барселона
Сите мечеви во Лигата на фудбалските шампиони можете да ги следите на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ во попладневниот и вечерниот специјализиран термин посветен на фудбалската магија на стариот континент.